
Немаат можност премногу често да слават, но по освојувањето на Конференциската лига, навивачите на Рома покажаа колку го сакаат клубот и како знаат да слават успех, иако ретко има повод. Меѓутоа, со доаѓањето на Олимпико, Жозе Мурињо ја врати вербата на симпатизерите на клубот во подобри, потрофејни денови и затоа можеме да замислиме каков хаос ќе владее деновиве во Вечниот град, бидејќи Пауло Дибала ја прифати понудата на Рома!
Advertisements
Најновите вести утрово доаѓаат од главниот град на Италија. Специјалистот за фудбалскиот пазар Џанлука ди Марцио објави дека Дибала има нов клуб! По неколку недели одмерување, аргентинскиот офанзивец ја избра Рома.
