Кампањата за предвремените парламентарни избори на 14-ти февруари во Косово завршува вечерва на полноќ. Партиите ги одржуваат своите последни средби со граѓаните. Лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти, кој има за цел да стане премиер, побара поддршка од граѓаните за да обезбеди парламентарно мнозинство. Во меѓувреме, Вјоса Османи рече дека Косово ќе стане држава од соништата за своите граѓани.
„За да ја направиме промената што ја бараме, мора да го обезбедиме потребното парламентарно мнозинство затоа што не смееме да дозволиме повторување на минатогодишното сценарио“, изјави Албин Курти, кандидат на Самоопределување за премиер.
– Advertisement –
„Оттука имаме порака за оние кои ја заробија земјата, отворете го патот затоа што доаѓаат промени. По 14 февруари, повторно на Косово ќе му дадеме влада на надеж, но овој пат не за 52 дена, туку за 4 години“, рече Вјоса Османи, претседателски кандидат.
Кандидатот за претседател од Алијанса за Иднината на Косово, Рамуш Харадинај, го повтори фокусот на неговата партија кон следната влада. „На денешната средба во Подуево, повторив дека главната агенда на Алијансата во следната влада е растот и економскиот развој, а гаранција за ова е силна, стабилна држава и интегрирана во НАТО и ЕУ“, рече Харадинај.
16 илјади пакети со гласачки ливчиња се депонирани во салата за поштенско гласање. Изборите натераа многу иселеници овој викенд да дојдат во Косово.
“Можевме (да гласаме по пошта), но не сакавме зашту тука се губат, се губи поштата Така да подобро да дојдеме тука и сами да гласаме. Така сме поспокојни. Имавме време, таму пандемијата блокираше сè. И го посетуваме семејството и да даде Господ да победиме“.
„Дојдени сме само за гласање, ќе го направиме тоа што е потребно и најдобро за народот. Ќе гласаме во име на Господ. Очекуваме многу од овие избори, да не речам, очекуваме чуда, очекуваме многу. За жал не, аплицирав за гласање по пошта, но никој не ми се јави. Така, одлучив да дојдам сам да гласам “.
“Секако за гласање,. Од овие избори очекуваме добри работи. Косово е добро во споредба со другите земји, не е како го правиме. Дури и да дојде некој нов, нема да направи промена која ја сакаат луѓето. Сите што биле, сите биле добри“.
Службеникот за информации на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“, Бујар Гаши вели дека има повеќе летови што слетуваат на овој аеродром.
“Земјите од кои имаме најмногу летови се Швајцарија, Германија, потоа скандинавските земји, Австрија и така натаму”, рече Бујар Гаши, аеродром „Адем Јашари“.
Конечниот избирачки список на гласачи во Косово има 1 милион 794 илјади 862 гласачи.
Шкелзен Аќифи