Десетици поплаки и загриженост изразија иселениците во Алсат по изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски дека дијаспората ќе биде само евидентирана, а не попишана. Иселениците бараат објаснувања од институциите што ќе се случи со пописот и како тие ќе бидат вклучени во пописниот лист, што ќе се случи со нивниот имот за кој поседуваат имотен лист и други проблеми
“Вознемирувачки е, бидејќи тоа им пречи на луѓето Имаме свои имоти таму, припаѓаме на тоа место, таму го имаме нашето семејство. Треба да внимаваат на изјавите што ги даваат во медиумите„, изјави Перпарим Сабриу, иселеник.
Државниот завод за статистика ја смирува дијаспората. Заменик директорот, Илми Селами вели дека законот е јасен, дека ќе се попишува и населението и дијаспората. Ставовите на Мицкoвски ги нарече политички.
“Граѓаните нека останат смирени. Законот вели дека и дијаспората и населението внатре, се попишуваат и секогаш ќе бидат сметани како такви со закон. Резултатите ќе се појават како попишувани, а не како евидентирани. Мицковски може да прави евиденција на членовите на неговата партија, да направи евиденција на различни луѓе и различни работи. Но, она што има врска со пописот е дека двете овие категории се попишуваат„ рече Илми Селами, од Државниот завод за статистика.
Во поддршка на Заводот за статистика излезе и премиерот Зоран Заев, кој изјави дека дијаспората се попишува.