Макс Верстапен има неколку причини зошто го смени карактерот.
Овој 23-годишник засега се снаоѓа одлично. Вои во генералниот пласман. Победи во Имола и Монте Карло, додека на преостанатите три трки беше вицешампион.
Големиот Холанѓанец познат под прекарот Мед Макс е во врска со Кели Пике, ќерката на трикратниот светски шампион Нелсон Пике. Изгледа многу среќен, а тоа најдобро можеше да се види по триумфот во Монако.
„Од 17 до 23 години, работите се менуваат. Тоа е сосема нормално. Порано врескав, а сега сум порелаксиран“, кој се надева на нов одличен резултат во Баку претстојниот викенд.
„Во споредба со минатата година, мојата тежина е зголемена. Никогаш не сум имал проблем со возилото. Имам 78 килограми со комплетна опрема“, изјави возачот на Ред Бул, кој доби десет килограми мускулна маса.
„Мојот однос со Хамилтон е коректен. Многу нормално. Имавме големи битки на патеката и се надевам дека ќе продолжи и во текот на сезоната“, рече Верстапен.
Холандскиот возач додаде дека постојано разговара со неговиот татко Хозе и таткото на неговата девојка Нелсон, но најмалку за совети за трки.