Симона Талевска (21) успеа да го фати светиот крст во битолското село Кравари. Талевска изјави дека првпат скока по крстот за Водици и дека се надева оти ќе и донеси среќа, здравје и благосостојба неа, на блиските и на сите други верници, јавува Телма.

Во село Кравари по светиот крст покрај момчињата скокнаа и три девојчиња кои ја продолжија традицијата од претходните години по крстот да скокаат и припаднички на женскиот пол.