Вчера околу 15.05 часот во полициската станица Аеродром биле приведени А.М.(20) и В.А.(19), двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка на бул.„Јане Сандански” и притоа немале документи за идентификација, соопштија денеска од МВР.
„Во полицискиот билтен се наведува дека В.А. физички нападнала полициски службеник кој вршел службени дејства.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.