Марк Зукенберг, основачот на Фејсбук, вчера преку писмо им се обрати на вработените во компанијата Мета и најави 11.000 отпуштања.
Меган Ариел излезе на TikTok и тврди дека таа е меѓу луѓето кои добиле отказ од Мета.
Таа тврди дека добила отказ преку електронска пошта
„Помина околу еден час откако дознав дека добив отказ во „Мета“, рече таа на почетокот на видеото што го објави вчера.
„Вчера бев како „што се случува, се случува“, но денес кога ja добив е-поштата станав толку емотивna и знам дека тоа е нормално. Ова беше буквално мојата работа од соништата. Бев многу гордa на себе кога ја добив. Сè уште сум многу горда на себе“, рече Ариел низ солзи.
@meganarielll After days of waiting, today I got laid off. #techlayoffs #metalayoff #nontechnicalintech #jobless #funemployed ♬ original sound – Megan Ariel
Работела и во Мајкрософт
Таа се пофали дека пред Мета работела во Мајкрософт.
„Мислам дека сум во ред кога станува збор за мојата биографија, тоа е само лош тајминг во економијата. Никогаш не мислев дека ќе можам да работам во ваква компанија“, вели таа.
Додава дека е свесна дека во животот ја очекуваат прекрасни работи, но поради отказот станала многу емотивна. Таа на сите им посака многу среќа ако поминат низ истото како и таа и верува дека сите ќе ја надминат оваа ситуација.
„Тоа е животот во моментов“, заклучува таа во видеото.
Цукерберг отпушти 11.000 вработени
За потсетување, Мета е компанија во сопственост на Facebook. Бранот на отпуштања, прв во 18-годишната историја на Мета, следи по илјадници отпуштања во други големи технолошки компании, вклучувајќи го Твитер во сопственост на Илон Маск и софтверскиот гигант Мајкрософт.
„Со вас споделувам информации за најтешките промени што ги направивме во историјата на Мета. Решив да ја намалам големината на нашиот тим за околу 13% и да отпуштам повеќе од 11.000 наши талентирани вработени“, објави Цукерберг. во писмо до вработените во Мета.