Швајцарските експерти досега идентификуваа 24 од 40-те лица кои загинаа во пожарот во барот за време на Нова година во швајцарскиот алпски центар Кран Монтана, вклучувајќи и 14-годишно девојче од Швајцарија кое е најмладата жртва досега, соопшти денеска полицијата.
Многу од жртвите се малолетници, меѓу кои Швајцарци и Италијанци, како и еден италијанско-емиратски државјанин. Меѓу досега идентификуваните се и 18-годишен Романец, 18-годишен Турчин и Французин на возраст од 39 години.
Меѓу 119-те повредени има повеќе од 70 Швајцарци, како и Французи, Италијанци, Срби и мал број припадници на други националности, пренесе ДПА.
Според досегашната истрага, новогодишниот пожар во барот во швајцарскиот скијачки центар бил предизвикан од прскалки кои ја запалиле пената на таванот. Огнот се проширил со огромна брзина.
Инспекторите испитуваат дали биле почитувани прописите за заштита од пожари. Двајцата француски менаџери на барот се под истрага поради сомневање за убиство од небрежност и други прекршоци.
Текстот Девојче на 14-годишна возраст е најмалата жртва во пожарот кој избувна за време на новогодишната ноќ во Швајцарија е превземен од МАКФАКС.






















