Девет луѓе во светот станаа милијардери благодарение на приходите на фармацевтските компании за производството на вакцините против коронавирусот, се наведува во извештајот од четвртокот кој го подготвувала невладината организација People’s Vaccine Alliance повикувајќи се на податоците од американското деловно списание Forbes.
Според извештајот, челникот на до минатата година малку познатата па и во самите САД американска фармацевтска компанија „Moderna“, Стефан Бансел и извршниот директор и коосновач на германската биотехнолошка компанија „BioNTech“, Угур Шахин, се на врвот на листата на новите милијардери. Нивното богатство во моментов се проценува на 4,3, односно 4 милијарди долари.
Во овој список се вброени и претседателот на бордот на директори на „Moderna“, Нубард Афејан, како и американските инвеститори Тимоти Спрингер и Роберт Лангер, кои во 2010 година ивестирале 5 односно 1,5 милиони долари во развојот на „Moderna“, и шефот на Управниот одбор на шпанската фармацевтска компанија „Laboratorios Farmacéuticos Rovi“, Хуан Лопез-Белмонте.
Покрај нив, и тројцата коосновачи на кинеската фармацевтска копанија „Cansino“, исто така, станале милијардери во текот на пандемијата на Covid-19.
Во извештајот се забележива дека севкупното богатстгво на новите милијардери се проценува на 19,3 милијарди долари. Се тврди, исто така, дека ова сума би била доволна да се вакцинира целото населени во земјите со ниски приходи.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.