Австриецот е желба и на Реал Мадрид, па останува да се види дали актуелниот премиерлигашки шампион ќе биде побрз од „кралевите“ за потписот на 28-годишниот играч.
Според британските медиуми, Ливерпул испрати понуда од девет милиони фунти годишно за членот на Баерн Минхен, Давид Алаба.
Има голем број трофеи со баварскиот гигант, девет бундеслигашки титули, а двапати ја освои и Лигата на шампионите.
Има договор со Баерн до крајот на оваа сезона (30 јуни 2021 година) и моментно според „Трансфермаркт“ вреди 65 милиони евра.
Сезонава има вкупно 13 настапи со еден погодок во дербито против Борусија Дортмунд и победата од 3:2.