По повод празникот 22 Септември- Ден на независноста на Бугарија, детската театрална школа „Водолија“ од Софија се претстави во рамките на 12-от театарски фестивал за деца и младинци „Малиот принц“ во Штип, јавува Трибуна.
Младите актери од „Водолија“ на сцената во центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ја одиграа претставата „Приказни по телефон“. Нивното учество во театарскиот фестивал беше поддржано од Бугарскиот културно-информативен центар.
Изведбата на децата од „Водолија“ беше пречекана со бурни овации од публиката на фестивалот.