Петнаесетгодишно момче од Скопје е приведено поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил по полноќ на подрачјето на Карпош, во кругот на фирма на улицата „Скупи“, каде што полициски службеници го затекнале малолетникот како пали оган и гори електрични кабли.

Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита и не е пријавена поголема материјална штета. Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на неговата маќеа иадвокат.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Текстот Дете предизвикало пожар во Капрош, палело електични кабли е превземен од МАКФАКС.