На 11.02.2022 во 16.50 часот во Полициска станица Гостивар малолетник од с.М.Турчане, гостиварско, пријавил дека околу 15.25 часот додека бил во основно училиште, бил повреден со остар предмет од негов другар, со кого подоцна, во присуство на родител, е извршен службен разговор во Полициска станица Гостивар, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.