Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.

Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон е превземен од МАКФАКС.