Во СВР Скопје вчера во 19:15 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Алија Авдовиќ“ и ул.„9“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(52) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Раштак, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.