Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ  за
усвојувањето на Законот со кој се зголемуваат министерствата во новата
Влада, вели дека дилемата дали се оправдани повеќе или помалку министерства е погрешна. Според него клучното прашање дали со формирањето на нови министерства ќе има и нови вработувања во јавниот сектор.

Тој вели дека СДСМ требаше да побара со новите закони неколку ограничувања:

“Погрешна е дилемата дали се оправдани повеќе или помалку министерства.
Клучното прашање е дали ова отвора врати за нови вработувања во јавниот
сектор. Ако да, СДСМ треба односно требаше да побара со новите закони:
1. да се регулира статусот на сите оние што се на договор или на
определено, а кои сега стравуваат за своите работни места (такви имаме
навистина многу)
2. ⁠да се ограничат сите нови вработувања и
3. да се побара одговор дали и како со новите институции граѓаните ќе
добијат подобра услуга од државата.

Со мудар пристап секогаш можат да се заштитат и граѓаните и јавниот
интерес, вели Деспотовски.