Кандидатите за претседател на СДСМ ја почнаа кампањата. Јован Деспотовски, Димитар Ковачевски, Фросина Ременски се трите имиња кои ќе бараат доверба од членството за наследник на Заев. Секако, според прогнозите прв фаворит е Ковачевски, кој воедно е и фаворит и предлог на Зоран Заев.

-Сакам да верувам дека трката за лидер на СДСМ почнува од 0:0, право на Заев е да каже што мисли, но на крајот се надевам ќе подаде рака на победникот. Секаде има ниски удари, но научен сум со предизвици, СДСМ е голем предизвик, мојот `Концепт 28` е подготвен, 25 години сум во партијата. Размислував долго, амбицијата постоела кај мене, изборот беше да седам на страна и да си коментирам во кафеана или да се вклучам внатре и да дадам придонес. Се одлучив за второто, сметам дека е чесно да влезам. Основната цел на `Концепт 28` е сите деца во државата да останат тука откако ќе завршат со студии. Не препознавам крило, различни луѓе ми пристапуваат и ми се јавуваат, многу луѓе кои што не живеат во Скопје. Тоа се луѓе што најверојатно биле разочарани од партијата, ми велат ви честитаме за храброста“ – вели Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ во Студио 10 на ТВ24.