Македонските одбојкари се уште некомплетни се подготвуваат за настапот во јануарските квалификации за Европското првенство наредната година. По тренинзите коишто почнаа на 16-ти овој месец, пред нив е поинтересниот период со четирите контролни натпревари против Бугарија.
Македонската репрезетација на шести и на седми јануари ќе биде во Софија за две нови контроли со Бугарија, тогаш веројатно во променет и посилен состав, а главното е од 11-ти до 16-ти во Скопје, кога против Турција и против Босна и Херцеговина ќе се обидеме да обезбедиме второ учество на европските првенства.
Сега имаме 16 играчи на целиот список. Вчера се приклучи капитенот. И младите играчи кои се во репрезентацијата имаат мотив, останува Филип Деспотовски да ни се приклучи. Од 1 јануари атакуваме на второ Европско првенство, изјави во Утрински брифинг одбојкарот Дарко Ангеловски.
Битно е да бидеме без повреди, да излеземе со најјакиот состав, па да се надеваме дека ќе обезбедиме пласман, вели Ангеловски.
Целиот разговор со Ангеловски погледнете го во видеото: