Десната рака на Меган Маркл и принцот Хари, Кетрин Сент Лоран која минатиот април од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс беше унапредена на позицијата „шеф на кабинет“ и извршен директор на непрофитната организација „Арчвел“, поднела оставка по помалку од една година.
Најавувајќи го нејзиниот ангажман, парот не ја криеше возбудата што ја имаат Кетрин во својот тим, но во понеделникот се покажа дека Сент Лоран, неочекувано решила да го напушти своето работно место.
Иако таа не ја коментираше својата одлука во јавноста, г-ѓа Сент Лоран веќе поднела официјална оставка, но сепак ќе продолжи да ја поддржува организацијата „Арчвел“.
Позицијата извршен дирктор на „Арчвел“ сега ќе му припадне на службеникот за комуникација на парот во Велика Бритнија, Џејмс Холт.
Имено, парот засега немал планови да најде замена за него, со што војводата и војвотката од Сасекс ќе останат без официјално представништво во Велика Британија и сите нивни односи со медиумите ќе бидат водени од САД.
По напуштањето на службите во кралското семејство минатата пролет, престанаа и сите активности на Бакингемската палата во нивно име. Двојката веќе ја назначи Тој Холнес за глобален секретар за печат.
Извор близок до кралското семејство не успеал да го скрие изненадувањето од веста за заниминувањето на г-ѓа Сент Лоран, велејќи дека нејзиното назначување било огромен успех за Меган и Хари.
Потсетувајќи се на нејзините одлични резултати и фактот дека штотуку започна да гради кариера во САД, изворот вели дека е навистина зачудувачки што решила да го напушти своето работно место по помалку од една година.
Како што пишуваат странските медиуми г-ѓа Сен Лоран веројатно ќе основа нова компанија која ќе се занимава со социјално влијание, но ќе продолжи да ја поддржува работата на „Арчвел“.
За време на назначувањето, таа изрази ентузијазам дека ќе ја има привилегијата да игра споредна улога во остварувањето на визијата на Меган и Хари, велејќи дека уште од првиот разговор, тие изразиле длабока посветеност за подобрување на животот и позитивно влијание врз општеството.