Десетици луѓе загинаа и најмалку 300 се повредени во земјотресот со магнитуда од 5,6 степени што ја погоди индонезиската покраина Западна Јава, соопшти локален офицер.

Херман Сухерман, владин функционер од Цијанјура, град во Западна Јава каде беше епицентарот на земјотресот, рече дека загинале до 20 луѓе во тој регион.

„Според информациите кои ги имам, само во оваа болница умреа речиси 20 луѓе, а најмалку 300 се повредени. Повеќето се со скршени коски откако останаа заробени во рушевините на зградите“, вели тој. Националната агенција за катастрофи јави за 14 починати.