Поминаа 32 години откако беше објавен иконскиот божиќен филм „Сам дома“. Има многу детали за филмот кои многумина не ги знаат, па да почнеме со интересните.

Со недели бараа куќа за филм

На режисерот Крис Колумбус и неговата екипа му требаа неколку недели да ја најдат куќата на Мекалистер. На крајот, тие избраа куќа во Винетка. „Направив неколку фотографии и му ги испратив на Џон и се сеќавам дека Џон рече: „Ова е совршено. Токму вака ја замислив куќата“, изјави Крис.

Во филмот се појави братот на Калкин

Помладиот брат на Калкин, Киран, се појави како роднина на Кевин, Фулер во „Сам дома“. Браќата заедно се појавија и во филмот „Сам дома 2: Изгубени во Њујорк“.

Филмот е напишан за нешто повеќе од една недела

Џон Хјуз го направи првиот нацрт на сценариото за само девет дена. Филмот е напишан по семејно патување во Европа.

„Одев на одмор и правев список со се што не сакав да заборавам. Мислев „подобро да не ги заборавам децата“. Тогаш помислив што ако го оставам мојот 10-годишен син дома? Што би направил?” изјави Хјуз во 1990 година.

Џон Кенди ги импровизирал повеќето негови сцени

Актерот Џон Кенди, кој беше еден од музичарите кои ја одвезоа мајката на Кевин дома, дошол на сетот подготвен да импровизира.

„Беше на снимање само еден ден, но тоа резултираше со толку многу импровизација. Ништо од тоа не беше во сценариото“, рече режисерот.

„Приказната за погребниот салон, сето тоа беше импровизирано во 4:30 часот наутро“.

Требаше да го игра Роберт де Ниро

Де Ниро се сметаше за улогата на провалникот Хари пред продукцискиот тим да му ја даде улогата на Џо Пеши. Но, режисерот вели дека Де Ниро сигурно никогаш не размислувал да ја преземе улогата.

Калкин импровизираше еден од најпознатите моменти во филмот

Реакцијата на Кевин на ставањето после бричење е веројатно една од најпознатите сцени во филмот, но тоа не беше направено како што беше во сценариото.

„Ако ставите нешто на вашето лице што гори, повеќето луѓе веднаш ги мрдаат рацете. Така, мојата насока до него беше да го тапкам по лицето, да ги движиме рацете и да врескам. И мислам дека ова беше првиот обид, а тој ги задржа рацете на образите. Иконскиот момент беше случаен“, изјави режисерот.

Angles With Filthy Souls не постои

Филмот кој Кевин одлучи да го гледа на VHS не постои. Сцената што Кевин ја гледаше на ТВ е создадена специјално за „Сам дома“.

Куќата на дрво на Кевин не била на имотот

Куќата на дрво била специјално изградена за тој филм и била урната на крајот од снимањето.

Целиот филм е снимен во областа Чикаго

Сцените кои наводно се случуваат на парискиот аеродром Орли всушност биле снимени на меѓународниот аеродром О’Харе.

Колумбо додаде една од најтрогателните сцени

Хјуз не дозволи тон импровизација или промени на сценариото, но Колумбо имаше прекрасна визија за ликот на Старецот Марли која успеа да се прикраде во филмот. Тој додаде разговор меѓу Кевин и старецот.

„Го додадов моментот кога Марли зборуваше дека не може да ја види својата внука. Го додадов самиот крај на филмот кога Кевин ќе види дека Марли се враќа со својата внука“, изјави Колумбус.