Десет посто од починатите во последните три недели биле вакцинирани. Од 276 граѓани што настрадале од Ковид-19, 30 пациенти биле вакцинирани, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравство. Починатите примале различни вакцини што се користат во земјата, но и со типот Модерна и Џонсон, кои биле набавени во странство.
Министерот за здравство Венко Филипче тврди дека вакцинираните пациенти што починале имале други хронични заболувања.
Во периодот 06-26 август, од 17.020 позитивно дијагностицирани, 17% од нив биле целосно вакцинирани, односно 2.924 граѓани. Според анализите од последните три недели, 83% од заразените биле невакцинирани или 14.096 граѓани. Во меѓувреме, само 11% од хоспитализираните се целосно имунизирани.
Лекарската комора бара ажурирање на протоколите за лекување на пациентите бидејќи високата смртност е токму од начинот на лекување на пациентите по болниците.