Во текот на новогодишната ноќ на Клиниката за токсикологија завршиле десет лица, информираше директорот на Универзитетската клиника за токсикологија Ридван Бајрами.
Од нив петмина биле мажи, а пет жени. Најмладиот пациент бил малолетник на 16 години, додека останатите биле на возраст до 22 години, освен еден пациент на 67 години кој бил хроничен алкохоличар.
Оваа година поради пандемијата Ковид 19 беа забранети семејните прослави, а работното време на угостителските објекти беше ограничено до 18 часот, со цел да се намали ширењето на новиот коронавирус.
Статистиката од 1 јануари, 2020 покажа дека 29 лица завршиле на токсикологија за новогодишната ноќ, при што најмладиот пациент имал 14 години. Една година претходно пак, на 1 јануари 2019 година, на токсикологија завршиле 27 лица, меѓу кои и 15 годишник.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.