Партијата Алтернатива наредниве денови ќе одлучи дали ќе ја прафати поканата на премиерот , Зоран Заев кој го покани лидерот на партијата, Африм Гаши да разговараат оваа партија да стане дел од парламентарното мнозинство, велат од Алтернатива за Фокус.

Одлуката треба да се донесе на партиски состанок, но од Алтернатива не откриват други детали пред Фокус.

Заев денеска во изјава за Алсат потврди дека во текот на денот имал комуникација Гаши и побарал од него да го избере денот кога сака да се сретнат за да разговараат околу можноста Алтернатива да стане дел од Владата.