Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи Вадим Денисенко денеска изјави дека Русија генерално не го почитувала договорот кој требаше да овозможи евакуација на цивили од градовите преку хуманитарни коридори.
Евакуација била можна од градовите Суми и Енергодар, делумно од Киев, но не и од Харков.
Регионалниот гувернер Олег Синегубов изјави дека планираната евакуација од градот Изјум денеска е прекината поради руско гранатирање.
– Автобусите сè уште чекаат на влезот во Изјум, рече тој, додавајќи дека во тек се преговори со Русите со поддршка на Црвениот крст.