Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2705 тестирања, а регистрирани се 416 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 278 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 3 пациенти од Скопје (61г, 66г, 86г), два пациенти од Струга (53г и 73г) и по еден смртен случај од Охрид (69г) и Кавадарци (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.152, бројката на оздравени пациенти е 87.122, на починати е 2.966, а бројот на активни случаи изнесува 6.064.