Денесka собранието официјално ja одобри измената и дополнувањето на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Имајќи предвид дека постојат тековни предмети по барањата за утврдување на правен статус на бесправни објекти поднесени во предходно предвидените законски рокови, како и постапки кој се наоѓаат во жалбена постапка, периодот на важење на овој закон се продолжува за пет години.

Собранието го донесе овој закон за заштита на правата на граѓаните кои поднеле барање за утврдување на правен статус на бесправен објект.