Руските и украинските мировни преговарачи денеска одржаа 90-минутен видео-повик, а работните групи ќе продолжат со разговори во текот на денот, изјави членот на украинската делегација Давид Арахамија.
– Денеска ќе работиме цел ден, истакна Арахамија.
Двете земји досега одржаа неколку рунди преговори, кои започнаа во Белорусија, а од неодамна се одржуваат преку видео-конференција.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека е категоричен дека Украина нема да прифати никакви мировни услови кои го компромитираат нејзиниот територијален интегритет.