Денеска треба да заседава Централниот одбор (ЦО) на СДСМ, при што се очекува Димитар Ковачевски да биде потврден за мандатар за формирање нова влада.
Очекувањата се и дека ЦО ќе избере и ново партиско раководство што би значело нов состав на Извршниот одбор, како и нови потпретседатели и секретари на партијата, по предлог на наследникот на Зоран Заев на „Бихачка“.
Според информациите, на барање на новиот лидер Димитар Ковачевски во партијата ќе се вратат Андреј Петров и Игор Ивановски-Шема, ќе се назначат нови потпретседатели. Како што е познато Шекеринска, Спасовски, Царовска, нема да бидат дел од новото високо раководство на партијата.