По повод претстојните новогодишни празници, паркирањето во Општина Центар ќе биде без наплата за сите граѓани, соопшти ЈП Паркинзи Општина Центар.

„Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2025 година (среда) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2025 година (четврток) со вообичаено работно време“, се нагласува во информацијата.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците како и паркиралиштето „Дилајла“ кое е со автоматска наплата.

Текстот Денеска бесплатно паркирање во Општина Центар е превземен од МАКФАКС.