Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Текстот Денес сончево време со температура до 28 степени е превземен од МАКФАКС.