Во Основниот кривичен суд во Скопје денес треба да се одржи рочиштето со завршни зборови на осомничените за случајот „Монструм”.
За петкратното убиство кај Смилковско езеро кое се случи на 12 април во 2012 година, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута, а врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите.
По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм” го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. Случајот „Монструм” го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.