Во недела на Вимблдон традиционално нема натпревари, а во понеделник нови возбудувања.
Програмата на Централниот терен во Вимблдон ја отвора најдобриот тенисер Нвак Ѓоковиќ, кој ќе биде апсолутен фаворит против Кристијан Гарин во осминафиналето на мечот што ќе се игра во понеделник од 14:30 часот.
Гарин не треба да биде отпишан, но ќе му треба некакво чудо ако планира сериозно да се натпреварува со српскиот тенисер кој е убедливо најголем фаворит за освојување на новата грен слем титула.
Роџер Федерер ќе игра во вечерните часови, а ривал ќе му биде Лоренцо Сонего. Помеѓу тие два меча, спектакл во женска конкуренција и натпревар помеѓу Коко Гауф и Анжелик Кербер.
Во машка конкуренција има уште неколку врвни дуели, меѓу кои и Огер-Алиасиме против Зверев, Медведев е фаворит против Хуркач, а се очекуваат возбудувања на дуелите меѓу Качанов и Корда и Шаповалов и Баутиста.
Wimbledon Monday schedule pic.twitter.com/wr7unrK7Pc
— Michal Samulski (@MichalSamulski) July 3, 2021