Во Софија се одржува демонстрација против војната во Украина. Демонстрантите со пароли „Руzzкий мир иди на хуй“, многу украински знамиња и повици за запирање на војната се собрани во центарот на бугарскиот главен град.
Во демонстрацијата учествуваат голем број бугарски новинари, културни работници, општественици и др.
„Само преку интернет се собравме 10 илјади луѓе“, ова специјално за Трибуна го изјави Чавдар Стефанов, поранешен дописник на БТА во Москва и долгогодишен главен уредник на бугарската ТВ+.
Галерија од настанот можете да погледнете на следниот линк.