Демократското Движење на Изет Меџити вели дека се загрижени поради начинот на кој оваа власт ја води државата.  Како што велат од таму, сите економски показатели, алудираат дека Владата на најлош можен начин управува со државата.

Граѓаните веќе секојдневно се сведоци дека животниот стандард и таков низок, веќе се руши целосно од неспособноста на Владата да се соочи со економските предизвици, велат од Демократското движење. Како што велат од таму, според последниот извештај на Народна Банка за Глобални Економски Перспективи, Северна Македонија со 8,4 проценти има највисока инфлација од сите земји од регионот.

Воедно, додаваат дека оваа влада, во која луѓе на ДУИ управуваат во речиси сите економски сектори,  е последна на листата од сите држави во регионот според економскиот раст, кој изнесува 1,8 проценти.