Демократскиот сојуз е прва партија која пред седум години предложи минимaлна плата од 300 евра и минимална пензија од 200 евра, се вели во соопштението од ДС.
Од таму додаваат дека во Парламентот имаше расправа, но не и согласност да се определи минимална плата и покрај тоа што тоа е пракса во ЕУ. Подоцна се утврди минималната плата и механизам за нејзино усогласување.
Во соопштението на ДС се вели:
Но за дефинирање на минимална пензија, се уште нема согласност од партиите на власт. Наместо тоа, се уште се предлагаат пакети, еднократни социјални мерки, парична помош, без систем и методологија за утврдување минимална пензија и усогласување на истата со животните трошоци, инфлацијата и растот на платите.
Поради високиот раст на цените, пред се на основните прехранбени производи, но и на лековите, енергенсите итн.,
Демократскиот сојуз предлага да се определи минимална пензија од 300 евра и да се дефинира методологија за раст и усогласување на пензиите.
Предлагаме Владата да ги разгледа сите аспекти на оправданите реакции и протести на пензионерите, најитно да ја дефинира минималната пензија и да направи усогласување на пензиите со реалното зголемување на цените, растот на платите и инфлацијата.