Демократски сојуз настапи самостојно за избор на советници во Советот на Општина Конче, при што од вкупно излезени 1.888 гласачи, Демократски сојуз освои 164 гласа или 8,69% од излезените.
За ДС освоените гласови се сериозен потенцијал за партијата што покажува како што велат дека ДС има сериозен потенцијал и солиден придонес во огромната победа на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати честитки до носителот на листата Јонче Здравев и останатите осум кандидати за советници и благодарност до гласачите во општина Конче и населбите Долни Липовиќ, Горни Липовиќ, Габревци, Дедино, Ракитец и Лубница.
„Демократски сојуз доследно ќе се залага за имплементација на изборната програма за Конче, водејќи сметка за рамномерен развој на сите населби“.
Текстот Демократски сојуз: На самостојниот настап за советници во Конче, освоивме 8,69% од гласовите и обезбедивме советник во Советот е превземен од МАКФАКС.