„На денешната седница на Претседателството на Демократскиот сојуз беше разгледана нацрт верзијата на Изборната програма, каде врвен приоритет ќе биде создавање услови за младите да останат во Македонија, како и темелни реформи во уставното уредување,  судскиот систем, борбата против криминалот, систем на вредности без Бадентер и Балансер итн.

Демократскиот сојуз формира Централен изборен штаб, со кој ќе раководи Зоран Димитровски, генерален секретар на ДС, а во него се вклучени и потпретседателите на ДС, Зоран Петров и Весна Стоименовска, како и Елисавета Јаневска, претседател на Демократскиот сојуз на жените и Богоја Петровски, претседател на младите на ДС.

Ќе се формираат и изборни штабови за 6-те изборни единици, како и во 46 општински организации на ДС“, се вели во соопштението на  Демократски сојуз.