Претставниците на Демократската партија во Претставничкиот дом на САД, се залагаат за казнување на поранешниот претседател Доналд Трамп, за немирите на 6 јануари. Водачите на импичментот, кои ја имаат улогата на обвинител, ја завршија деабатата против Трамп, велејќи дека неговата лажна реторика за претседателските избори предизвикала насилство во Конгресот. Според нив, потребно е Трамп да биде казнет, за случајот да не се повтори во иднина.
Им рече „Борете се како во пекол, во спротивно нема да имате држава“. Им кажа „Кога ќе најдеш некој што те лаже, имате дозвола да постапувате според други правила“. Неговата порака беше кристално јасна и веднаш беше разбрана, инстинктивно од неговите симпатизери. Не треба да претпоставуваме како реагираа, бидејќи можеме да видиме што сторија. Го видовте насилството. Тоа е многу едноставно. Тој рече, тие го направија!“, рече Џо Негусе, Демократска паертија.
– Advertisement –
„Тоа беше најголемото предавство на претседателската заклетва во американската историја“, изјави Џами Раскин, Демократска партија.
„Некои луѓе велат дека претседателот Трамп погрешил. Но, ние знаеме дека претседателот Трамп не згреши. Кога јас или ти ќе направиме грешка, и се случува нешто многу лошо, се каеме и преземаме одговорност. Претседателот Трамп не го стори ниту едното ниту другото“, рече Тед Лу, Демократска партија.
Претставниците на Демократската партија прикажаа видеа на кои се гледа како демонстрантите планираат да го убијат поранешниот потпретседател Мајк Пенс и спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и да ги сместат пратениците во подрум каде што ќе им се пуштел гас. Адвокатите на Трамп ќе имаат 16 часа да ја презентираат својата одбрана, по што гласањето во Сенатот, за обвинение или не за Трамп, може да се одржи на 13 февруари.
Анеса Салиху