Движење Беса ќе гласа за уставните измени но бараат да се отстрани терминот 20% од Уставот на Северна Македонија што се однесува на Албанците. Генералниот секретар на Беса, Авдуш Демири вели дека не водат политики на условување но бара сите страни да имаат разбирање дека ова прашање треба да се реши еднаш засекогаш.

„Ние не ги разбираме политиките на условување. Ние ја разбираме политиката со дијалог и постигнување одлуки и ставови кои ќе бидат во интерес на граѓаните и таква е и нашата иницијатива дека оваа одлука не загрозува никого и бараме разбирање од нашите сограѓани Македонци бидејќи и тие се на тест со ова прашање дека овој потценувачки термин треба да се отстрани од Уставот на Северна Македонија“, изјави Демири.