Демир Капија доби пари за обесштетување на земјоделците кои лани претрпеа штети од ниските температури.
Информацијата попладнево ја сподели градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров.
-На седница на Влада, се донесе одлука за доделување на финансиски средства за исплата на штетите од елементарни непогоди (ниски температури), што ги претрпеа земјоделците во 2021 година. Висината на обештетувањето ќе биде 10 отсто од вкупно проценетата вредност. За оваа намена, на општина Демир Капија и се доделени финансиски средства во висина од 4.867.221,00 денари. Од денес до наредните пет дена, средствата ќе бидат исплатени од страна на општината Демир Капија, соопшти Петров.
Тој ги повика лицата кои од денот на пријавување на штетата до денес имаат некаква промена како отварање трансакциска сметка од друга банка, затварање на сметка, починат носител на земјоделско стопанство и слично, да се јават во Општината.