Агенцијата Беса транс преку социјалната мрежа facebook објави демант во однос на информациите што се појавија во некои медиуми, дека фирмата планира повторно да врши превоз на патници до Турција во јануари 2022 г.
„Во текот на денот 08.12.2021 г. се појавија шпекулаци дека Беса Транс Дооел ,наводно од јануари 2022 година повторно ќе врши превоз на патници (екскурзии) од Р. С. МАКЕДОНИЈА до Р. ТУРЦИЈА и обратно.
Во целост ги демантираме ваквите шпекулаци и ја информираме целокупната јавност дека Беса Транс Дооел ниту може , ниту сака да организира превоз( екскурзии), имено компанијата е фокусирана кон сооработка со институците на Р. С. Македонија и Р. Бугарија, а се со цел што побрзо да се утврдат причините како настанала страшната трагедија“, стои во демантот на Беса Транс Дооел .