Делта-варијантата на коронавирусот, која беше откриена во Индија, е најголемата закана за напорите на САД за искоренување на ковид-19, изјави на прес-конференција американскиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи.
„Делта-сојот на коронавирус е несомнено полесен за пренесување во споредба со основниот вид“, нагласи Фаучи и додаде дека тој вид станува глобално доминантна верзија која предизвикува посериозна клиничка слика кај пациентите.
Фаучи потсети дека вакцините одобрени во САД, вклучувајќи ја и вакцината на „Фајзер/Бионтек“, се ефикасни против тој сој.
„Имаме алатки и мора да ги користиме за да го спречиме новото ширење на вирусот“, рече Фаучи.