Делта сојот на коронавирусот предизвикува потешки симптоми и се шири лесно како што шират и сипаниците, се вели во внатрешниот документ на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, пренесен од Си -Ен -Ен.

Документот покажува необјавени податоци кои покажуваат дека целосно вакцинираните луѓе би можеле да го шират сојот со иста стапка како и невакцинираните.

Директорот на ЦДЦ, д-р Рошел Валенски ја потврди автентичноста на документот, а „Вашингтон пост“ прв напиша за тоа.

Ова е сериозно. Тоа е еден од најпреносливите вируси за кои знаеме. Тој е на ниво на сипаници, рече д-р Валенски.

ЦДЦ треба да објави информации овој петок за да ја поддржи контроверзната одлука за промена на упатствата за целосно вакцинирани лица. Валенски рече дека ЦДЦ препорача дури и целосно вакцинирани лица да носат маски во затворени простории на места каде преносот на вируси е голем.

Истакна и дека секој во училиштата – учениците, вработените и посетителите – треба да носат маски во секое време.

Мерките што треба да ги контролираме се екстремни, рече таа, додавајќи дека не била изненадена од податоците на внатрешниот извештај.

Презентација на ЦДЦ вели дека секое заразено лице со варијантата Делта инфицира просечно осум или девет други. Примарниот вирус беше пренослив како и обичната настинка бидејќи секое заразено лице во просек го пренесуваше вирусот на уште две лица.

Исто така, ако вакцинираните лица навистина се заразат, тие имаат исто количество вирус во своето тело како и невакцинираните. Ова значи дека тие најверојатно ќе можат да заразат некој друг исто колку и невакцинираните.

Заклучокот беше дека, за разлика од другите варијанти, вакцинираните лица, дури и да не се разболат, се заразиле слично како и невакцинираните лица кои се заразиле, вели д -р Волтер Оренштајн, раководител на Центарот за вакцинација Емори.

Сепак, документот покажува колку вакцинираните луѓе се побезбедни.

Вакцините спречуваат повеќе од 90 проценти од сериозни болести, но може да бидат помалку ефикасни во спречување на инфекција или пренос. Така, повеќе инфекции се шират кај населението и покрај вакцинацијата, се вели во документот, додавајќи дека вакцините го намалуваат ризикот од сериозни болести или смрт за 10 пати.

Презентацијата цитира и три извештаи кои сугерираат дека варијантата Делта – првично позната како Б.1.617.2 – може да предизвика посериозна болест.

Се препорачува задолжителна вакцинација и обврска за носење маски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.