Минатата недела бројот на деца заразени со Ковид-19 на возраст од 0 до 9 години е зголемен за 50%. За една недела заразени се вкупно 143 деца на оваа возраст, информираат од Институтот за јавно здравје. Лекарот Агрон Палоши го потврдува тоа, но додава дека децата не се поимуни на коронавирус. Ова, како што објаснува е последица на делта сојот, кој не ги штеди ниту децата и се шири многу брзо.
„Од појавувањето на делта сојот на Ковид-19, значително е големен бројот на заразени деца во споредба од порано,односно од првиот сој кога бројот на позитивни деца беше доста мал. Ова најмногу се должи на преносливоста на овој сој. Сакам да кажам дека секако симптомите се поблаги кај децата, и последиците се поблаги, иако кај мал број деца се појавуваат мултисистемски компликации“, истакна Агрон Палоши.
Лекарот Палоши училиштата не ги гледа како место каде вирусот може да се шири брзо, додавајќи дека децата од прво до четврто се многу мали за да се придржуваат на протоколите. На прашањето – дали родителите се одговорни ако нивното дете се зарази, Палоши одговори дека и родителите можат да им го пренесат вирусот на децата, но и обратно.
„И детето е потенцијален носител на вирусот кај децата кои не се имунизирани или кои не го прележале вирусот“, вели Агрон Палоши.
Минатата недела е регистрирано намалување на бројот на заболени во сите возрасни групи, освен кај оние од 0 до 9 години каде има зголемување за 50% и од 10 до 19 години – 8,2%, пишува во извештајот на Институтот за јавно здравје. Инаку, во Детската болница Козле се лекуваат околу 20 заразени деца, од кои четири се на кислородна поддршка, но во стабилна здравствена состојба.