Од 13 јули бројот на земји и територии, во кои циркулира многу заразниот делта сој на коронавирусот, е зголемен за уште седум , па сега е регистриран во 124 земји, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).Во претходните седум дена, уште 13 земји го информираа СЗО за присуство на делта мутацијата.

Advertisements

Експертите тврдат дека делта сојот брзо ќе се прошири и ќе ги засени другите варијанти, а потоа ќе стане доминантна мутација на ковид-19 во следните години.

СЗО е загрижена за ширењето на сите четири видови.

Алфа сојот, кој е откриен во Велика Британија во септември 2020 година, беше регистриран во 180 земји.

Бета сојот, откриен во август минатата година во Јужна Африка, е присутен во 130 земји, додека бразилскиот гама сој е откриен во 78 земји.

Прикажи повеќе