Дополнителни специјални медицински тимови ќе бидат распоредени на локациите каде има најмногу заразени со новиот делта сој од коронавирусот. Американските власти ги повикаа сите граѓани да се однесуваат одговорно и да се вакцинираат против коронавирусот, бидејќи делта сојот кој првично се појави во Индија е многу поразарен и брзо се шири.

Advertisements

Џефри Зиентс, вишиот советник во Белата куќа, одговорен за борба против ковид-19, изјави дека тимовите ќе бидат подготвени да го забрзаат снабдувањето со потребната опрема за тестирање, како и да ја зајакнат терапевтската нега во заедниците каде се забележуваат зголемувања на случаите на коронавирус.

Просечниот седумдневен број на случаи со ковид-19 во САД во однос на минатата недела е зголемен за 10 проценти, информира Рошел Валенски, директорка на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Таа посочи дека делта сојот е втората најраспространета варијанта на коронавирусот во САД.

Прикажи повеќе