Корисничко енергетскиот центар на ЕВН од Гевгелија,најави дека поради планирани активности на електро мрежата,во текот на утрешниот ден шест часа ќе биде во прекин напојувањето со струја во јужните делови од градот.
Во соопштението се вели дека утре од 8 часот се до 14 часот попладне,струја ќе немаат граѓани кои живеат на улиците „Загребска“ „Димитар Влахов“, „Илија Миов“, „Ристо Чавдаров“ и „Титоградска“, поточно градската зона која од центарот се протега на југ до Сува Река.
Најавените работи од екипите на ЕВН се во контекст на планираните инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија во општина Гевгелија, поради што се молат жителите од посочените реони да ги прилагодат утрешните активности со најавениот термин за прекин на струјата.