По добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека денеска поради планирани зафати без водоснавбдување ќе останат:

· поради изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на улица Блажо Орландиќ бр.38 А, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на потегот од булевар Србија до улица Тодор Чангов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. (општина Аеродром)

· поради дефект во шахта (промена на прв вентил ф 2.5“) на улица Ташко Караџа бр.3, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Ташко Караџа, Трифун Хаџијанев и Христо Ботев од 09:00 часот до завршување.(општина Гази Баба)

Текстот Делови од Аеродром и Гази Баба денеска без вода е превземен од МАКФАКС.