Делегација предводена од началникот на Генералштабот Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, придружуван од државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова од денес ќе престојува во повеќедневна oфицијална посета на сојузната држава Вермонт, Соединетите Американски Држави.
За време на посетата која се реализира во рамки на Програмата за партнерство на САД се предвидени повеќе средби со високи претставници од Националната гарда, воениот универзитет Норвич и државата Вермонт. Делегацијата ќе се сретне и со гувернерот на државата Вермонт, Фил Скот.
Главна цел на посетата е унапредување на стратешката одбранбена соработка, размена на искуства и планирање на заеднички обуки и активности
Оваа активност претставува уште еден чекор во зајакнувањето на одбранбените капацитети и интероперативноста меѓу Армијата на Република Северна Македонија и вооружените сили на САД, во духот на сојузништвото во НАТО, соопшти АРМ/ Макфакс